24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Папата Франциско повика на дипломатско решение за војната во Украина: Најдете го тоа малку човечност

Папата Франциско повика на дипломатско решение на војната во Украина што ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од почетокот на руската инвазија.

– Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој се одолговлекува ужасно и на кој не му се гледа крајот. Во таа војна целиот регион не само што е опустошен, туку предизвикува и глобални бранови на омраза и страв – рече папата Фрањо.

Тој посочи дека се залага да се најде малку хуманост за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир.

Лидерите на групата Г7 од седумте индустриски најразвиени земји во светот вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на уморната од војна Украина.

Папата Франциско ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“.