Top Sport

Канадскиот селектор одби да се ракува со Далиќ, овој му порача: Имаш уште многу да учиш

Хрватскиот селектор Златко Далиќ открива дека неговиот ривал, канадскиот селектор Џон Хердман не му честитал по 4:1 победата во мечот кој предизвика многу внимание поради претходните изјави на Хердман дека треба да ја „е.ат Хрватска“.

„Јас кога ќе изгубам, секогаш се ракувам со противникот и му честитам. Канадскиот селектор не ме почека, веднаш си отиде. Господинот очигледно е лут по поразот. Тој е квалитетен тренер со тоа што ја донесе Канада на Мундијалот, но очигледно некои работи уште ги нема научено“, вели Далиќ.

Ова е само кулминација на „војната на зборови“ пред мечот, откако по контроверзната изјава на Хердман, хрватскиот „24 Сата“ го постави на насловната страница со фото-монтажа со јаворови листови (симболот на Канада) на интимно место и со порака: „Имаш голем јазик, но дали имаш големи мадиња?“.

Scroll to Top