Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија стана дел од Европскиот фронт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт.

Станува збор за Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, како иницијатор на Европскиот фронт, денеска потпиша коалициски договор со претставниците на оваа партија Салих Мурат и Сулејман Баки.

Мурат во својот говор рече дека се приклучуваат на Фронтот со цел да се сменат состојбите во секоја сфера на општеството, особено состојбата на турската заедница во Македонија, исполнувајќи ги нормите за човекови права предвидени во Уставот.

Претходно, лидерот на интегралистите потпиша коалициски договор со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз.

Вчера сличен договор беше потпишан и со Унијата на Ромите, додека претходно договор за Европскиот фронт потпишаа Ахмети со Народното движење на Скендер Реџепи, ПДШ на Мендух Тачи и ПДЕ на Арјани Хоџа. Се очекува ваквата коалиција да биде поврзана со некоја од босанските партии. Во сабота беше најавено дека во Гостивар ќе биде потпишан коалицискиот договор меѓу Ахмет и Зиадин Села од Алијансата за Албанците.