Утрински Весник
Економија

ЕСМ склучи договор со „Балкан Јутилитис“ за набавка на гас за февруари

ЕСМ склучи договор со „Балкан Јутилитис“ за набавка на гас за февруари
Ss2

ЕСМ Продажба потпиша договор за набавка на природен гас за месец февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата „Балкан Јутилитис“.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат од ЕСМ, на јавниот повик којк беше достапен за сите домашни и странски компании, пристигнале две понуди – фирмата „Актаел“ со понуда од 99,83 eвра/MWh, а фирмата „Балкан Јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh.

Ss1

„ Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергенсот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.

Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот „Балкан Јутилитис“, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака“ соопштија од компанијата.

Со оваа набавка, како што појаснуваат, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, додаваат од ЕСМ.

Јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари.

Ss1

Можете да прочитате

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува – 24info.mk