Сајкоски: Приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Македонија да биде подобро место за живеење

Од:

Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи рамен терен за сите за да можат да се натпреваруваат. Ќе направиме спортски комплекс, рече Ѓорѓија Сајкоски, носител на листата на изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола.

Сајкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, a ќе се намали и невработеноста.

„Ќе има надеж, ќе направиме почитувана држава од Македонија, пристојна за живот за сите“, кажа Сајкоски.

Сајкоски и со порака до оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

„Праќам порака до сите приклучете се кон големата победничка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Твоја Македонија, сите сакаме подобро образование, здравство, судство. Твоја ќе дојде само со влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе испорача повеќе за секој еден од нас“, кажа Сајкоски.

Би можело да ве интересира

Сајкоски: Да се обединиме против криминалот и корупцијата за да донесеме подобар живот

Сајкоски: Патот Кичево – Демир Хисар – Битола ќе го завршиме, а општина Демир Хисар ќе добие средства од предвидените 250 милиони евра за општините за да може да се развива

(ВИДЕО) Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра

Сајкоски од Охрид: Со програмата за парламентарните избори „Платформа 1198“ целосно ќе ја рестартираме, реорганизираме и реформираме нашата Македонија

Сајкоски од Кичево: Нам ни треба претседател како Силјановска Давкова стабилна и мудра

Сајкоски: На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно и да ја поддржиме Силјановска Давкова