Утрински Весник
Магазин

(ВИДЕО) Биолог случајно откри црви кои јадат и разградуваат пластика

00284137 W.jpg
300x250 (7)

На прв поглед, нема ништо особено значајно за восочните црви или восочните глисти. Но, во 2017 година, молекуларниот биолог Федерика Бертокини, која го истражуваше ембрионалниот развој на ‘рбетниците во Шпанскиот национален истражувачки совет во тоа време, направи откритие за овие суштества кои би можеле да го променат светот.

Бертокини, пчеларка аматер, фрлила дел од восочните црви во пластична кеса откако ја исчистила својата кошница и ги оставила таму. Кратко време подоцна забележала дека црвите почнале да создаваат мали дупки во пластиката, кои почнале да се распаѓаат веднаш штом ќе ја допре устата на црвот.

Ss1

„Тоа беше вистински момент на еурека – беше брилијантен“, вели Бертокини за првичното откритие и сфаќањето на тоа што значело. „Тоа беше почеток на приказната. Почеток на истражувачки проект, на сите нешта.’

Црвите правеа нешто што е исклучително тешко за нас како луѓе: тие ја разградуваа пластиката.

Бертокини и нејзините колеги истражувачи почнаа да собираат течност излачена од устата на црвот. Откриле дека оваа „плунка“ содржи два клучни ензими, Церера и Деметра – именувани по римските и грчките божици на земјоделството – кои можеле да го оксидираат полиетиленот во пластиката, во суштина разградувајќи го материјалот при контакт.

Ветувачки ензими може да се најдат во голем број различни организми. Познато е дека некои габи и бактерии ја варат пластиката, но тоа е многу поретко кај сложените животни. Во 2022 година, беше откриено дека уште еден безрбетник има вкус за пластика – „суперцрвот“ Zophobas morio, кој може да се здебели со исхрана од полистирен.

Ќе бидат потребни голем број глобални мерки за да се намали нашата зависност и потрошувачката на пластика. За таа цел, многу земји ветија дека ќе помогнат да се намали производството и употребата на пластика за еднократна употреба, а глобален договор за пластика се очекува на крајот на 2024 година.

Но, ако ензимите како овие на крајот можат масовно да се произведат за да ја разградат пластиката, можеби малите суштества што први изедоа од пластичната кеса на Бертокини би можеле да одиграат пресудна улога.

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија