Илустрација/Фото: Пекселс

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела тешка телесна повреда од член 131 став 1 и противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе ја повикал оштетената жена и почнал да ја допира. Кога таа го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот почнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и телото нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во својот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​​