ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ветингот повторно во предизборните програми

Ветингот повторно во предизборните програми

Ветинг по дефиниција значи институционална проверка на вршителите на јавни функции во насока дали се соодветни за работната позиција и дали имаат одговорност, интегритет и кредибилитет да ја вршат функцијата. Ветингот или прочистувањето на судството, како начин за искоренување на корупцијата или пристрасноста кај судиите и обвинителите, повторно стана актуелна тема, бидејќи некои од претседателските кандидати ветуваат освен во судството и на ветинг во политиката. Универзитетскиот професор Горган Калајџиев вели дека ваквите ветувања се само за да покажат дека кандидатите наводно ќе се заложат за радикални реформи.

Калајџиев нагласува дека може да се направи ветинг само за институциите кои се занимаваат со дисциплинска постапка или избор и разрешување на судии и обвинители. Но, за нив функцијата претседател на државата нема никаква надлежност.

Во отсуство на доверба на граѓаните во судството како резултат на скандалите и недостигот на реформи, политичките партии од 2017 година ветуваат ветинг, односно проверка на богатството, интегритетот и кредибилитетот на фигурите на судскиот систем. Сепак, и покрај неколкуте неуспешни иницијативи, овој процес не беше реализиран. Иако ЕУ има јасен став за ветингот, партиите продолжуваат да инсистираат на спроведување на овој процес, дефинирајќи го како еден од единствените начини за прочистување на судството. Покрај ветингот во судството, партиите бараат и ветинг во политиката./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button