Search

Europe House го прославува Светскиот ден на книгата со две предавања

Датумот 23 април или „Денот на розите“ не е случаен. Во 1923 година, книжарите во Шпанија се собраа да му оддадат почит на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес, кој починал токму на 23 април. Идејата била да се поттикне размената на книги наместо рози, како што се празнувало. А, датумот беше официјално признат како „Светски ден на книгата“ од УНЕСКО во 1995 година, поради фактот што се совпаѓа со смртта на авторот, како и на најголемиот драмски автор на сите времиња – Вилијам Шекспир.

Затоа, на 23 април (вторник) љубителите на литературата ќе имаат можност да го прослават Денот на книгата и на авторското право и да ги проследат предавањата на два истакнати претставници  Дејвид Гир, Амбасадорот на Европа во Македонија и  Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија  во Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Тие ќе ја отелотворат симболичната приказна, генијалноста и влијанието на овие безвременски автори чии дела резонираат кај читателите од сите возрасти.

Најново

Последни колумни