Вести Свет

Жени биле мета на напаѓачот во Сиднеј, тврди австралиската полиција

Напаѓачот, кој во саботата уби шест и повреди 12 лица со нож во трговски центар во Сиднеј, а подоцна беше застрелан од полицијата, имал за цел жени, изјави полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Карен Веб.

Родителите на убиецот Џоел Калучи го осудија масакрот извршен од нивниот син и изразија сочувство до семејствата на жртвите.

Австралиската полиција денеска  објави дека ги истражува причините поради кои напаѓачот со нож во трговски центар се фокусирал првенствено на жени, пренесува АП и потсетува дека во тој напад се убиени пет жени и еден маж.

Како што наведува полицијата, Џоел Калучи пател од ментални болести.

Во нападот беа убиени Дони Силингтон, ќерка на милијардер, Фариз Тахир вработен како обезбедувње во трговскиот центар, Џејд Јанг мајка на две деца и архитект, Пикриа Дарчиа од Грузија, Ченг Јухан 25 годишна студентка од Кина и  Ешли Гуд мајка на бебе кое што беше нападнато и избодено во предлот на рацете и стомакот, но се наоѓа во стабилна состојба, соопштија официјални лица од Австралија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе