Руски авион МиГ-31К полета од Белорусија, во Украина оддекнаа сирени

Сирените за воздушен напад се огласија низ Украина откако руски авион МиГ-31К полета од аеродром во Белорусија.

Од 16:53 часот по локално време беше најавена сирена за воздушен напад во сите региони на Украина.

Според независниот белоруски медиум Хајун, рускиот авион МиГ-31К опремен со проектили полетал од воениот аеродром Мачулишчи во Белорусија.

Текстот Руски авион МиГ-31К полета од Белорусија, во Украина оддекнаа сирени е превземен од МАКФАКС.