Резултати од ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска води двојно пред Пендаровски и Османи

од Nikola Popovski

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова води пред останатите претседателски кандидати, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неофицијални резултати од аналитичкиот центар на партијата, професорката Силјановска има 128521 гласови пред кандидатот на ДУИ, Бујар Османи со 62772 гласови. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, ова е досега обработени 42,13% од вкупните гласови на избирачките места.

На трето место е кандидатот на СДСМ и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски со 62484  гласови.

По нив следуваат кандидатот на ВРЕДИ, Арбен Таравари со 45932 гласови, Максим Димитриевски со 27013, Билјана Ванковска од Левица со 15,095 гласови и Стевче Јакимовски со 3315.

Слични содржини