Македонија

(Видео) Македонски рециклиран плагијат: Американски спот доби македонска верзија за изборната кампања

Со десетина ПР текстови беше најавена кампањата „Не е до нив до тебе е“, но во ниту еден не е напоменато дека промо-видеото е копија од кампања за избори во Америка од пред 15 години. Во македонската верзија од видеото можат да се видат бројни глумци, јавни личности, музичари кои ги повторуваат речиси целосно истите реплики како оние кои ги има во американскиот спот.

Македонското плагијат видео започнува со глумецот Александар Микиќ, додека американското со актерот и пејач Вил Смит. Промо спотот е испопиран до тој момент што дури и појавувањето на „режисерот“ е во иста облеката. Единствената разлика е што актерката Тања Кочовска не е Том Круз.

Под македонската верзија на видеото нема никакви информации околу тоа кој го изработил, кој го финансирал, како и кој го прудцирал, но и на кого му текнало да го ископира.

На почеток