СВЕТ

Блинкен се сретна со претседателот на Израел: Време е за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на средбата со израелскиот претседател Исак Херцог дека „сега е време“ за договор со Хамас за ослободување на заложниците и прекин на огнот.

„Ние сме решени да добиеме прекин на огнот што ќе ги врати заложниците дома и да го добиеме сега, а единствената причина зошто тоа нема да биде постигнато е Хамас. Предлогот е на маса, како што реков, нема одложување и Нема оправдувања, сега е време“, рече Блинкен.

Тој изјави дека таквиот договор ќе овозможи влез на многу потребните лекови, храна и вода во Газа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button