Се верува дека златните јајца носат пари во домот: за бојадисување потребна е само една состојка од кујната

Украсувањето јајца за Велигден ги поместува границите на креативноста од година во година. Според традицијата, црвената боја симболизира радост, а се останато е прашање на имагинација.

Најбарани техники за боење јајца се оние кои даваат прекрасен резултат на најприроден можен начин, без употреба на хемикалии кои би можеле да навлезат во лушпата.

Доколку ви недостасуваат идеи, се предлага јајцата да ги обоите во впечатлива златна боја. Освен што изгледаат привлечно, се верува дека златните јајца привлекуваат успех, среќа и богатство.

За моќен, златен сјај на велигденските јајца, најважната состојка што ви треба е куркумата.

Прелијте ги јајцата со вода и додадете една лажичка сол. Кога водата ќе зоврие, варете уште 7 минути на тивок оган.

После тоа, префрлете ги јајцата во сад со ладна вода.

За боење потребни ви се 20 грама куркума, 800 мл топла вода и една лажица алкохолен оцет.

Измешајте ги состојките, а потоа потопете ги јајцата во добиената смеса.

Оставете ги да отстојат 90 минути, а доколку сакате поинтензивна боја, може да биде и подолго, со повремено мешање.

Scroll to Top