Вести Македонија Топ вести

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Врвен државен приоритет е да се избере претседател, луѓето да излезат масовно и да гласаат по сопствено убедување.

Ова е ставот на Движењето ЗНАМ, два дена откако најголемата опозициска партија го прозва лидерот Максим Димитриевски да ги повика гласачите да дадат глас за Гордана Сиљановска – Давкова, во вториот круг од претседателските избори.

Димитриевски претходно испорача услови и до СДСМ и до ВМРО-ДПМНЕ, за идните коалиции при составувањето на Владата по двојните избори, а од ЗНАМ сега тврдат дека се мета на напади од страна на двете најголеми партии.

Ова следува како одговор на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека не сакаат да веруваат дека постои „Тројански коњ“ и продолжена рака на власта во опозицијата.

Во изминатите пет дена, а особено по завршувањето на првиот круг од претседателските избори каде што многумина беа изненадени од освоениот број на гласови на нашата политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ние сме мета на напади и од двете најголеми политички партии поради тоа што претпоставувам дека се загрижени поради кампусот на гласови којшто го прибира ЗНАМ. Уште пред почетокот на кампањата, Движењето ЗНАМ како политичка партија најави дека на овие избори ќе учествува исклучително само за граѓаните, изјави даниел стојчевски, носителот на листата на знам во изборната единица 2.

Венко Филипче кој е дел од раководството на СДСМ и носител на листа во Изборната единица 4, на вчерашниот митинг во Радовиш ја коментираше понудата на ЗНАМ до СДСМ. Ја оцени како нереална и алиби за Димитриевски да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Од ЗНАМ му возвратија со реакција дека Филипче е „квази-социјалдемократ“ и еден од најодговорните за состојбата во која се наоѓа Социјалдемократскиот сојуз во моментов.

Максим Димитриевски во вторникот на прес-конференција побара од раководството на СДСМ за 24 часа да си поднесе оставки од сите можни функции во партијата, потоа сите носители и ко-носители на кандидатските листи на СДСМ да дадат нотарски изјави дека се откажуваат од пратеничките мандати и да се обврзаат дека ниту јавно, ниту тајно нема да се договараат со сегашното раководство на ДУИ.

Условот за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покрај уверувањата дека не се заговара двотретинско мнозинство во Собранието, се програмските определби за неприфаќање на таканаречен „бугарски диктат“ и несоработување со ДУИ.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе