Регион

Спортско-рекреативниот центар „Топлик“ избран за реализација со грант од 40. ДО 50.000 долари

Oпштина Гевгелија ја oдржа и последната од серијата 4 форумски сесии за избор на проект од областа на животната средина којшто ќе се реализира со грант во висина од 40.000 до 50.000 американски долари од УНДП.

Имено, на последната форумска сесија, по пат на евровизиско гласање и со најмногу освоени поени, Форумот како приоритетна ја оцени изградбата на спортско-рекреативен центар крај браната „Топлик“, проект којшто работната група на Советот на Општина Гевгелија и локалната самоуправа го развиваа на претходните три сесии.


Останатите предложени пет проекти од страна на граѓаните, претставници на институциите и претставниците на бизнис и граѓанскиот сектор остануваат во сопственост на Општина Гевгелија, со можност за реализација од страна на локалната самоуправа.


Форумските сесии во Општина Гевгелија се одржуваа во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Препорачуваме:

Различни сценарија за емисиите на стакленички гасови во Македонија

Работна посета на ЦУК во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ и РЦУК Гевгелија

Топлото време ги зголеми повиците во Брзата помош

Dimitar Micev