Поврзи се со нас

Македонија

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Објавено

на

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК)  на денешната вонредна седница едногласно донел одлука в понеделник, 22 април, во 11 часот да организира протест пред Министерството за култура поради неисплата на плата за март за околу три илјади вработени во културата.

Одлуката на Фејсбук ја соопшти претседателот на СОНК Јаким Неделков кој денеска на прес-конференција и најави дека ќе се одржи вонредна седница на членството за да се одлучи за натамошни чекори.

Исто така, на седницата на Советот на СОНК е одлучено да се отпочне и процедура и организација за генерален штрајк во сите установи од дејноста култура.

-Советот на СОНК изрази огромна разочараност од непостоењето, односно едностраното прекинување на социјалниот дијалог од страна на Министерството за култура. СОНК постои, силата на СОНК ќе ја почувствувате наскоро, напиша претседателот на СОНК на Фејсбук.

На прес-конференцијата денеска, на која присуствуваа и вработени во културата, СОНК изрази незадоволство од доцнењето на платата за март која, според Општиот колективен и Колективниот договор во областа култура, вработените треба да ја примат до 15-ти односно до 10-ти во месецот.

Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто. Пресметките се изготвени од установите за култура, но нема одобрување од Министерството за финансии и покрај ветувањата на ресорната министерка.

-Иако министерката излезе и кажа дека ќе нема проблем со платите, во дејноста култура сепак има проблем за исплата на мартовските плати. Проблемот датира уште од октомври лани за септемвриската плата, кога вработените во културата добија  решенија за плата со ограничена важечка  вредност. Тоа значеше дека до март ќе важат тие решенија, од март ќе се применува систематизацијата минимална плата по коефициент, не сметајќи ги во меѓувреме зголемувањето на платите за 10 проценти по основ на Општ колективен договор. Тоа ни беше јасен сигнал што може да се случи во април за мартовската плата и, еве, навистина, нашата загриженост и реакции беа оправдани во однос на тоа што Министерството за култура на чело со министерката за култура имаа план, стратегија и цел платите наместо 12,55 проценти да се зголемат само за 2,5 проценти, истакна денеска Неделков, нагласувајќи дека СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 48 минути

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 1 час

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 16 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 18 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 20 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 22 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 23 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 1 ден

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена