Фото: МИА

Би било добро да покажеме минимална апстиненција во однос на правниот контекст, бидејќи прашањето е комплексно, да оставиме истрагата и надлежните органи да го решат прашањето кое треба да добие правна разврска – рече денеска министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Антонио Милошоски во врска со синоќешната негова изјава поврзана со инцидентот во Охрид на една дебатна емисија дека некои претставници од власта избрзале со давањето изјави и дали тоа конкретно се однесува на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тупанчевски посочи оти тоа го кажал бидејќи за сензитивни прашања треба особено да се биде внимателен.

– Во таа насока кога станува збор за ваква фаза од постапката, каква и да биде, не треба да се прејудицира никаков правен епилог зашто тоа може да е штетно и за самата постапка, но може да наштети и на меѓусебните интереси меѓу Македонија и Бугарија, но не апострофирав некого посебно – рече Тупанчески.

На прашањето се надоврза и министерот Османи кој посочи дека неговата изјава била извадена од контекст.

– Мојата изјава која беше извадена од котнекст можеби сум можел да ја срочам и подобро, признавам, но беше дадена во контекст на прашањето во бугарска телевизја „Зошто го осудивте отворањето на клубот Ванчо Михајлов ако нема се уште официјална одлука на Историсата комисија за контроверзност“. Мојот одговор беше „За мене е доволно, што македонскиот народ, што мнозинството граѓани се иритирани, навредени и повредени од таквото име и не мора да чекам одлука на Историската комисија за да го осудам и преземам мерки. Исто како што ми беше доволна загриженоста на родителите на оштетениот по однос на нападот за да не чекам завршување на истрагата кога веќе има инциијална проценка на обвинителството  појасни Османи.