Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска по консултациите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ за новиот премиер на Србија, изјави дека коалицијата собрана околу СНС смета дека не треба да има нови избори и дека ќе предложат двајца кандидати за претседател на владата, јавуваат српски медиуми, пренесе ЦивилМедиа.
„Го информиравме претседателот дека нашата коалиција верува дека треба да избереме нова влада, дека има парламентарно мнозинство, дека има законски и легитимни услови да се избере нова влада до 18 април“, изјави Вучевиќ за новинарите во Палатата Србија по консултациите.
Како што додаде, мандатарот ќе има краток рок да се консултира со сите потенцијални кандидати за членови на Владата, како и со СНС, која ќе разговара во партијата и со сите коалициски партнери и оние кои изразиле волја да бидат дел од новата влада.
„Нашиот став е да избереме нова влада, да не одиме на избори и да направиме се таа да биде избрана во рокот предвиден со закон. Очекувајте го името на мандатарот во наредните часови или денови“, рече Вучевиќ.
Д. Т.