САД утре пред Советот за безбедност на ОН предлагаат прекин на огнот во Газа

by Fokus

Соединетите Американски Држави утре ќе предложат резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот во Газа.

„САД сериозно соработуваа со членовите на Советот во последните недели на резолуција која недвосмислено ќе ги поддржи тековните дипломатски напори за обезбедување итен прекин на огнот во Газа“, рече портпаролот на американската мисија во ОН, Нејт Еванс.

Toj објасни дека прекинот на огнот ќе биде дел од договорот што ќе ги ослободи израелските заложници кои ги држеше Хамас и ќе овозможи поголема хуманитарна помош за Газа.

Поврзани новости