Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1.Речиси секој трет портал пријавен за изборно рекламирање нема импресум

Бројни портали без импресум и основни податоци за нивната работа ќе добијат можност кај нив да се рекламираат политичките партии за претстојните избори.

Регистарот на Државната изборна комисија е готов и покажува рекорден број од 249 портали кои поединечно можат да добијат до 15 илјади евра од еден учесник во изборите. Во меѓувреме, медиумските организации бараат итни измени на закони за да се спречи евентуална злоупотреба на пари од буџетот.

Речиси секој трет портал пријавен за изборно рекламирање нема импресум

2.YouThink: Медиумите ниту треба да ги сожалуваат, ниту да прават суперхерои од лицата со попреченост

Колку содржините што кружат по медиумите и интернет светот, се достапни и пристапни за лицата со попреченост? Постојат ли некои софтверски и медиумски алатки што треба да се запазат? Колку медиумите помагаат, или одмагаат со тоа што „играат на емоции“ и пласираат сожалувачки приказни, кога атипичните лица се прикажуваат како социјални случаи? Од друга страна, што е со нагласеното хиперболизирање, кога лицата со попреченост се претставуваат како суперхерои?

Овие се дел од прашањата вклучени во втората епизода од подкастот „YouThink“.

YouThink: Медиумите ниту треба да ги сожалуваат, ниту да прават суперхерои од лицата со попреченост

3.[Видео] Изложба на јапонските „Нингјо“ – од кукла до уметничко дело

Во Археолошкиот музеј беше отворена изложбата на јапонски кукли „Нингјо“. Во оваа поставка има 68 варијанти на репродукции на оригиналите кои се наоѓаат во токискиот музеј.

Изложбата е поделена на четири хронолошки и типолошки сегменти.

„Првиот дел се кукли кои служат за раст и развој на децата, како молитва за заштита на децата. Најраните форми започнуваат уште од седмиот век и тоа биле кукли со обични дрвца и хартија на нив, кои биле изработувани за да ги заштитат бебињата и малите деца преку целата година. Откако ќе поминела таа година биле ставани во река и пуштани по неа, ако детето е во случајот добро“, вели Трајан Зафировски, виш кустос.

[Видео] Изложба на јапонските „Нингјо“ – од кукла до уметничко дело

4.Законот за застарување на долгови е неприменлив, се бара решение од Собранието

Граѓаните секојдневно поднесуваат жалби до народниот правобранител, судовите и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) за отпис на долгови, а извршителите, судовите и правната фела тврдат дека со новиот закон не е одредено кој треба да го спроведе застарувањето на долговите. За оваа проблематика имаше и протест, каде граѓани побараа извршителите да почнат да ги застаруваат долговите.

„Секојдневно стигнуваат голем број жалби од граѓаните. Не ми е јасно ова што го направија, подобро да не носеа никаков закон отколку да донесат неспроведлив. Си играат со луѓето“, истакна Марјан Ристески, претседател на КСОМ за Радио МОФ.

Законот за застарување на долгови е неприменлив, се бара решение од Собранието

5.„Гола Планина Колектив“ ја лансира издавачката куќа „Мртов коњ“

„Мртов коњ“ е самостојна издавачка куќа од Македонија, тазе создадена од „Гола Планина Колектив“. Од колективот велат дека ова е само отслик на едно движење што се случува на сцената во регионот. Притоа, потребна е поддршка на независната сцена.

„Сакаме колективот да си остане колектив, да функционира на природна и другарска база. А, ова да биде гранка за сите музичари и бендови што се дел, или пак не се дел од колективот – да можат да искористат шанса да издаваат со ‘Мртов коњ’, вели Марко Печеновиќ од „Гола Планина Колектив“.

„Гола Планина Колектив“ ја лансира издавачката куќа „Мртов коњ“

+Бонус

SHELTER: Нов серијал журки во Чаршија каде камерите од телефоните ќе бидат прикриени со стикери

Во Старата скопска чаршија се отвори клубот „Fortress“, своевидно продолжение на се’ она што се случуваше во некогашниот „Капан ан“, ама со освежени концепти.

Еден од новитетите е SHELTER, нов серијал журки што стартуваа оваа сабота (16 март) со поинаква полиса за користење на телефоните, за да врати конекцијата меѓу публиката, таа да живее во моментот. SHELTER воедно за стартот го најавија гостинот Praktikal, млад и актуелен продуцент и диџеј од Белград, дел од СУТРА колективот.

SHELTER: Нов серијал журки во Чаршија каде камерите од телефоните ќе бидат прикриени со стикери

Усвоен Законот за забрана на нефер трговски практики – се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот

Собранието го изгласа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, соопшти Министерството за економија (МЕ).

Со Законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи и од МЕ велат дека неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите.

Усвоен Законот за забрана на нефер трговски практики – се очекува намалување на цените на храната и зголемување на квалитетот

Европска детска гаранција – начин да се намали сиромаштијата кај децата во земјата

Претставници од институциите, развојните партнери, академската заедница и граѓанското општество се согласија околу потребата за меѓусекторски и долгорочен пристап за справување со повеќедимензионалната детска сиромаштија во Македонија. На панел-дискусија, истакнато беше дека воведувањето на Eвропската детска гаранција во земјата е интервенција што дава надеж дека ќе се опфатат најранливите деца, а притоа ќе се обезбеди системски пристап до социјални услуги.

„Детската сиромаштија не зависи само од семејните приходи, туку се должи и на лишеност од грижа, добра и услуги од страна на родителите и јавните институции. Секое трето дете во земјата живее под прагот на сиромаштијата, што е значително повисоко од стапката кај вкупното население“, посочија од УНИЦЕФ.

Европска детска гаранција – начин да се намали сиромаштијата кај децата во земјата

„Олга“ – нова наративна македонска игра сместена во прилепското село Беловодица

На македонското гејминг поле на повидок е нова мистериозна игра. Од македонското студио „Workbench Entertainment“ доаѓа „Олга“ (Olga) – наративен симулатор со движење во прво лице, со стилизиран визуелен израз. Колоритот од тизер видеото потсеќа на „Firewatch“, но приказната е сместена во селото Беловодица, Прилепско.

Тимот на „Workbench“ се љубители на природата кои многу често организираат планински тури низ Македонија. Токму на една от тие тури при посетата на малото селце се родила идејата за проектот наречен „Олга – Епизода 1“.

„Олга“ – нова наративна македонска игра сместена во прилепското село Беловодица