Голем гест на „Комити“ – ќе донираат за обнова на изгорена куќа на „Чкембар“!

0
133

Навивачката група на Вардар, Комити реши приходот од неделното гостување во Кратово да го донира за членот на Чкембари кој во пожар го загуби својот дом.

На трибините се најголеми ривали, но кога треба да се покаже човечност, навивачите на Вардар и Пелистер многупати покажале дека знаат да си помагаат.

Комитите сите средсва кои ќе ги соберат од гостувањето во Кратово каде Вардар во недела игра против Силекс, ќе ги донираат за помош на членот на навивачката група Чкембари кој во пожар го загуби својот дом.

Претходно навивачката група Чкембари замоли за донации кои ќе му помогнат на нивниот член што побрзо да го обнови својот дом, пред температурите да паднат под нула.