7 работи кои пред 20 години ги научивме (за диносаурусите) од филмот „Паркот Јура“!

Ако ве интересираат факти за диносаурусите погледнете ја нашата книга „Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери“ тука.

Во меѓувреме да видиме кои се некои факти и животни лекции во класичното дело на Стивен Спилберг „Паркот Јура“ од 1993 година.


1) Не ја вклучувај проклетата батериска ламба!

Децата во 90-тите oд филмот Паркот Јура (Jurassic Park) научија дека ако се сретнеш со Тирекс најголема грешка е да вклучиш батериска ламба. Наводно, нивниот вид не бил подобар од кокошките и тие реагирале на светлина и на движење.

2) „Животот наоѓа начин“

Познатата реплика е на типот (Jeff Goldblum) кој пред да стане научник во Паркот Јура имал неупешен обид да се претвори во Мува! Еволуција, бејби!

3) Хакери – лоши, диносауруси – добри

Генерално кажано, зоолошка за диносауруси е добра идеја, освен ако вработиш хакер кој ќе го зезне целиот систем заради пари… ах, таа човечка природа.

4) Велосираптор Ајнштајн

Не само што биле брзи, туку биле и паметни. Вашето куче можеби не знае дека кваката отвора врата (или дека вашите чевли не се нужник), но велосирапторот знае!

5) Цигари во филмовите од 90-тите

Samuel L. Jackson е научник кој пали цигара по цигара зашто филмот е од 90-ти, чури брате!

6) Диносауруски измет

Не само што изметот е голем колку „планина“, туку и содржи вредни информации за научничката (Laura Dern) која го проучува со радост на дете кое се игра во песок!

7) Во случај на шармирање женска… користи Теорија на хаосот!

http://www4.pictures.zimbio.com/mp/nzShf8xyNQ3l.jpg

Научникот ја користи Теоријата на хаосот за да излезе кул пред девојка… кога се случило тоа во историјата на врските?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *