Малолетничка настрада од струен удар на железницата во населба Маџари- во моментот е на КАРИЛ

103

Малолетничка на 17 годишна возраст доби струен удар, денеска во 13 :41 минути, откако се обидела да се прекачи преку електрифициран вагон на Македонски Железници, кој стоел на станицата во скопската населба Маџари, дознава Плусинфо од извори во јавното претпријатие МЖ. Неофицијално, инцидентот го потврди и полицијата, која работи на негово расчистување.

Според истите извори, веднаш по струјниот удар девојчето е итно префрлено во Ургентен центар за укажување лекарска помош, од страна на екипа на Итната медицинска помош. На самото место излегле и екипи на МВР, од каде најавуваат повеќе информации по расчистување на случајот.

Девојката која во моментов е во свесна состојба и надвор од животна опасност се наоѓа на одделението КАРИЛ, објави Канал 5.