11.8 C
Skopje
сабота, мај 11, 2024

Зеленски: Потребни се единство, и помош од Западот

За потребата да постои единство, да постои помош и поголема поддршка од Западот, вклучително и оружје, но и за неопходноста Русија целосно да се изолира, говореше претседателот на Украина, Володимир Зеленски на отворање на деветтиот Економски форум во грчкиот град Делфи, јави дописничката на МИА од Атина.

Зеленски онлајн учествуваше на панел-дискусија со новинарот од Си-Ен-Ен Фрејд Плејтген, детално ја опиша моменталната ситуација во Украина, рече дека во источниот дел има стабилизација, но посочи дека руската инвазија не се однесува само на Украина, туку на целиот западен свет и затоа е потребна помош и поддршка, пред сè со системи за противвоздушна одбрана.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести