Поврзете се со нас

Англија

Родри за играчите на неговата позиција: Тоа би било убава промена за фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Шпанскиот репрезентативец Родри игра во одлична форма, а со својот гол му донесе победа на Манчестер Сити во последното финале на Лигата на шампионите.

Сепак и покрај трите трофеи и круната која дојде со триумф во финалето против Интер, Родри не може да се надева дека ќе освои некоја индивидуална награда, нешто што важи за сите играчи на неговата позиција.

Во интервјуто за „Франс футбол“, Родри истакнал дека посакува и неговата позиција да биде во трка по награда како „Златната топка“.

– Сите ние сонуваме такво нешто, би бил среќен ако некој дефанзивен играч од средниот ред ја добие наградата.

– Тоа ќе биде голема работа не само за победникот, туку за сите млади фудбалери кои се наоаѓаат себеси на оваа позиција и чиј квалитет ќе биде препознаен без разлика што не се тие кои постигнуваат најмногу голови. Тоа ќе биде убава промена и за фудбалот, – рекол Родри, кој го освои петтото место во последното гласање за „Златната топка“.

Последен играч кој стигна до признанието, а не играл на офанзивна позиција е Фабио Канаваро во 2006 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни