(ВИДЕО) Ужасни сцени од торнадото во Кина, загинаа пет лица

Пет лица загинаа во торнадото што вчера ја зафати јужната кинеска метропола Гуангжу. Новинската агенција Ксинхуа денеска објави дека уште 33 лица се повредени во невремето, пренесе дневник.хр.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Како што јави Ксинхуа, спасувачите веќе во голема мера ја завршиле својата работа.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда.

Пред само една недела, обилни дождови го погодија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица, а беа принудени да се евакуираат над 100 000 жители.

Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

Back to top button
Close