Претседателскиот кандидат кој е актуелен градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски утрово гостуваше на Радио Лидер. Со него дискутиравме на актуелните политички теми и неговите заложби доколку успее да стане претседателски кандидат.

Димитриевски му одговори на Мицкоски

Димитриевски даде свој коментар за вчерашниот повик на лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан кој вчеравечер упати повик за македонско национално единство.

ЗНАМ е нова политичка партија. 3 и пол месеци ние сме конструктивна опозиција во однос на централната власт. На локално ниво имплементираме власт, таму немаме официјално потпишано коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но дефинитивно има соработка. Имаме соработка со ВМРО-ДПМНЕ и со албанската опозиција, започнува тој.

„Без национално единство нема ни мултиетничко“

Максим Димитриевски дели дека ЗНАМ веќе имале ваква понуда и ова било и нивна идеја.

Мене искрено ме импонира што не само во овој случај, туку во голем број случаи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нè копира во некои постапки. Излеговме како партија и рековме дека нема да преговараме со никој додека не се понуди една национална платформа. Не можете да постигнете поголем ефект во имплементација на мултиетничко движење ако немате национално едиство. Тоа може да се стори. Без ЗНАМ нема идна влада. Ние не напаѓаме, ние само конструктивно дискутираме, вели тој за Радио Лидер.

Тој додаде дека 30 години по ред нè вртат два политички субјекта, а ДУИ како привезок си ги користи по потреба во зависност на кој што ќе му побара. Многупати велам дека има знам на равенство меѓу левите.

Три основни постулати

Како постулати за македонско национално единство Димитриевски ги посочи „најнападнатите“ работи: Јазикот, индетитетот и историјата. Овие основни нешта треба сите да ги потпишеме.