Денес се сеќаваме на еден од пионерите на македонскиот ракомет Зафир Куновски

Зафир Куновски е роден на 4 март 1934 година во Дебар. Тој беше македонски архитект, ракометар и ракометен тренер.

Зафир Куновски завршил Архитектонски факултет во Скопје (1964). Бил член на РК Работнички од Скопје (1953 – 1958), кој во овој период бил трипати првак на Македонија во големиот, петпати во малиот ракомет и двапати освојувач на Купот на Македонија. Клубот играл во Првата сојузна лига (1954, 1955 и 1958). Бил најдобар стрелец во екипата. Настапувал и за други клубови во Македонија (до 1960). За Репрезентацијата на Југославија одиграл три натпревари (1957).


Бил тренер и играч во Графичар, вториот скопски тим што настапувал во сојузен ранг. Една година настапувал и за екипата на Црвена Ѕвезда од Белград. Куновски бил првиот македонски ракометар што повеќепати играл за репрезентацијата на Југославија. По завршувањето на играчката кариера бил тренер во повеќе екипи, а најголемиот успех го постигнал со женската екипа на Скопје, пласирајќи се во Југословенската ракометна женска лига. Последната функција во ракометниот спорт Куновски ја имале како селектор на Женската ракометна репрезентација на Македонија, во квалификациите за СП 2003. Бил и член на Стручниот совет во Ракометната федерација на Македонија

Починал на 14 април 2004 година во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Драмскиот Театар од Скопје ќе ја доделува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор

НУ Драмски театар, Скопје (ДТС), на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан …