НАЈБЕЗБЕНО СЕ ЧУВСТВУВАЛ НА ОВА МЕСТО Убиството на Аркан најавено 3 дена пред масакрот, на површина излегоа непознати детали

Ништо не укажуваше на трагедија на 15 јануари 2000 година, кога Аркан посети хотел полн со убави спомени.

Цеца Ражнатовиќ три дена пред смртта гостуваше во емисијата „Максовизија“, каде во публиката беше Аркан, облечен во црна кожна јакна и изгледаше среќно. По шоуто тој се фотографираше со познати личности и неговата сопруга.

Само околу 70 часа подоцна Аркан е убиен во хотелот „Интерконтинентал“. Иако сакал да спие подолго во сабота, тој ден појадувал со семејството, уживал во француско сирење, а потоа се разделил од Цеца за да работи.

Уживал во капучино, купил весник, а потоа отишол на ручек во хотелот, каде го сретнал својот пријател Миленко Мандиќ. Планирале да пополнат тикет за обложувалница, но тоа наместо Мандиќ еден негов познаник се понудил тоа да го направи.

По ручекот, додека седеле во хотелското сепаре со Цеца и нејзината сестра Лидија, се случила трагедија. Иако Аркан се чувствувал безбедно во хотелот, непосредно пред убиството испратил телохранител да му донесе торта.

Има приказна дека за време на емисијата „Максовизија“ стигнале пораки кои навестувале можно убиство, но овие тврдења подоцна биле демантирани!?