Бранот на иселување не ја заобиколува ниту Струмица

Бранот на иселување не ја заобиколува ниту Струмица

Бранот од иселување не ја заобиколува Струмица. Најбогатата општина во југоистокот се празни. И овде младите луѓе својата иднина наместо да ја гледат во родната земја, ги пакуваат куферите и бегат во странство. По тој пат тргнле синот и ќерката на Томе Гошев, од село Просениково, кои сосе семејствата се иселиле  во  Штутгард, Германија.

   „На нас не ни е арно оти сме без внучињата. Сами сме со бабата. Да ме заболе една глава нема на кој да се пожалеш….кога избегаа мојте деца…подигнаа кредит правеа хали и оранжери. Видоа дека тука нема живот ..му велам синко, бегајте за да се исплатиме. Отидоа, за една година кредитот го вратија и крај, повеќе не дојдоа тука„ вели Томе Гошев, од село Просениково, Струмица.

Илјадници родители  ја делат истата судбина и секојдневната тага и болка по внуците, што ја има овој човек. Училиниците од година во година се празнат, а во некој села нема ниту првачиња.  Ако порано младите заминуваа бидејќи овде немаше работа, сега бегаат од партизираното општесто, недовербата во системот, нискиот стандард.  

 Поголема егзистенција, поголеми плати. Ако им убаво дома ќе си седат. Дури и тие што се на работа напуштат, не се доволни тие средства. Кој како ќе заврши факултет, така си оди.Во нашата месна заедница има 64 куќи се иселени, а 42 има каде живее само еден член во куќата. И по селата е така, а велиме нели Струмица е богат крај велат анкетираните струмичани

Тие што заминаа нема да се вратат, но мора да се направат напори да се задржат оние што се уште се овде, порачуваат граѓаните. Работната сила  старее и тоа преставува сериозен проблем, посебно во земјоделското производство. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )