Сузана Ѓорѓиевска е добитничка на првата наградата на конкурсот за песна за деца „Тоде“

Организацијата „Креативна верига“ од Охрид ги додели наградите на најдобрите песни што учествуваа на анонимниот Конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, распишана во чест на Тоде Илиевски.

Првата награда ја доби Сузана Ѓорѓиевска, за песната „Песна за една врана ненаспана“. Второто место го освои песната „Оглас на инстаграм“ од авторката Јана Сиљаноска, додека третата награда ѝ припадна на Слаѓана Ставрева за песната „Сватови зеленчуковци“.

Како што посочуваат организаторите, како дел од програмата присутните можеа да слушнат повеќе песни од богатиот опус на Тоде Илиевски, претставени од учениците при ООУ „Св. Климент Охридски“ –Охрид.

Овие награди се одржаа по вторпат, а од здружението „Креативна верига“ истакнуваат дека конкурсот ќе прерасне во традиција. Наградените песни, како што е најавено, ќе бидат објавено во деветтиот број на електронското списание за книжевност и друга уметност „(е)Лит“ кое го издава здружениото.