Избезумени коњи направија хаос во центарот на Лондон, повредени се неколку луѓе/ВИДЕО

130

Неколку воени коњи дивееле низ улиците на центарот на Лондон во средата, при што се повредени најмалку четири лица.

Бизарните сцени се одвиваа во срцето на Лондон, во близина на Бакингемската палата и седиштето на британската влада, кога избегани животни галопираа покрај збунетите граѓани.

„Голем број воени работни коњи избегаа утрово за време на рутинска вежба. Сите коњи се вратени во кампот“, се вели во соопштението на портпаролот на британската армија.

„На повредените им е укажана соодветна лекарска помош.

На телевизиските снимки се гледа како седла бел коњ трча по улицата покрај друг црн. Лондонската полиција првично соопшти дека властите работат на лоцирање на „голем број коњи кои моментално се на слобода во центарот на Лондон“, за подоцна да потврди дека сите животни се пронајдени, пишува Ројтерс.

Коњите припаѓаат на коњаницата, која делува како официјален телохранител на британскиот монарх и учествува во церемонијалните должности.