Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: OhridPress на лице место – до каде е изградбата на автопатот Охрид-Кичево

Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за моменталната состојба во која се наоѓа автопатот Охрид-Кичево е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Една деценија по почетокот на работите, автопатот Охрид-Кичево и понатаму не е готов и останува една од топ-темите на жителите на овој дел на државата. Екипа на OhridPress неодамна го помина овој патен правец и преку фотографии и видео Ви доловува точно до каде се градежните работи.

Читателите на OhridPress се револтирани од брзината со која се одвиваат работите и потсетуваат на огромните средства кои се потрошени. Прашуваат кој ќе сноси одговорност и ќе ги врати вишоците на исплатени пари и бараат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука