Предавање во ИНИ за просветната дејност во манастирите и медресите во Македонија од 14 до 17 век


Петти студиски ден организира денеска Институтот за национална историја (ИНИ) на тема „Просветната дејност на медресите и манастирските школи во Македонија (XIV-XVII век): компаративни анализи“, која ќе биде презентирана од доц.


д-р Армен Жарноски.


На предавањето, кое ќе се одржи напладне во ИНИ, ќе се анализира состојбата со медресите и манастирските школи – нивното основање, бројноста, начинот на функционирање, наставните програми и литературната дејност, во Македонија во периодот од 14 до 17 век.

-Исто така, преку споредба на начинот на функционирање на двата вида образовни институции, ќе се укаже на сличностите и на разликите меѓу нив, условени од општествено-историскиот контекст,  се наведува во соопштението.


 Институтот информира дека Студиските денови на ИНИ се воведени кон крајот на 2022 година со цел размена на научни знаења и искуства, а пред сѐ презентација на најновите резултати и активности.

хс/мд/Фото: МИА архива     .


Извор: МИА