Разбиена канцеларијата на Миле Лефков во Кочани на последниот ден од претседателската кампања

Последниот ден од претседателската кампања беше проследен со разбивање на канцеларијата на кандидатот за пратеник, Миле Лефков. Во изјавата Лефков упати и неколку прашања на овој немил настан до техничкиот премиер Митко Бојмацалиев

„Сакам да упатам едно прашање до техничкиот премиер, до техничкатѕа влада, вклучително и до нивниот претставник кој што е овде ОВР Кочани. Какво е нивното чувство со тоа што не дозволија да се направи ниту една промена, на кадарот во ОВР Кочани. Дали на тој начин се обидуваат да ја саботираат основната улога која што ја има техничката влада, тоа е обезбедување на фер, демократски услови за спроведување на избори во Република Македонија. Дали провалувањето на канцеларијата на пратеникот е напад врз институциите во Кочани е начинот на кој техничката влада па и нивниот министер претставник Бојмацалиев ги обезбедува условите.“

Апелираа до министерот Бојамцалиев да се најдат сторителите, со цел да излезат пред лицето на јавноста и да ја кажат вистината.

„Токму пред нивниот претставник Бојмацалиев кој што е тука денеска, веднаш да се зафата да ги најдат сторителите, да излезат пред лицедто на јавноста, пред лицето на правдата и да им порашаме дека никој повеќе не им се плаши, доаѓа време на пад на оваа ненародна влада. Ваквите методи со закана со провалништва, со внесување со несигурност кај граѓаните се минато и конечно завршуваат со денот на гласање на претседателски и со вториот круг односно со гласање на парламентарни избори„

Лефков порача дека овие немили настани, несиурност кај граѓаните ќе завршат на претседателските и парламентарните избори кои ќе го означат падот на Владата.

Лаура Стојанова М-Нет