Тен Хаг: Ја остваривме целта

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа на теренот на Астон Вила со 2-1 благодарение на погодок на Скот Мектоминеј во самиот финиш на мечот. Нивниот тренер, Ерик тен Хег ја пофали улогата на стрелецот.

– Оваа победа е многу важна. Се приближивме [до Астон Вила] – тоа беше нашата цел и ја остваривме“ –вели Холанѓанецот .

– Ми се допадна начинот на кој го игравме мечот. Интензитетот беше многу висок и беше јасно дека многумина се уморни пред крајот. Играта беше отворена, Мектоминеј е одличен играч и може да постигне многу. Знаевме дека Скот ќе навлезе во шеснаесетникот на противникот и ќе може да постигне гол“ – изјави Тен Хаг за – „Sky Sports“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО