Килијан Мбапе е вистински херој на Реал Мадрид во гостинската пресврт победа од 3-2 против Леганес во 29. коло од Ла Лига.
„Кралевите“ поведоа на мечот со голот од пенал на Мбапе во 32. минута, но потоа крајно изненадувачки Леганес со два гола во 33. минута и во 41. минута дојде до пресврт предност од 1-2.
Но, во второто полувреме Белингам во 47. минута израмни на 2-2, а Килијан Мбапе со евро-гол директно од слободен удар во 76. минута ги постави конечните 3-2 носејќи повеќе од важна победа за Реал Мадрид.
KYLIAN MBAPPÉ FREEKICK I FCKIN REPEAT KYLIAN MBAPPÉ FREEKICKKKK
pic.twitter.com/tjpqYwyncU
— Goatbappe
(@kyksthetic) March 29, 2025
Со оваа победа Реал се израмни на врвот со Барселона со 63 бода, но има и натпревар повеќе од каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА