На полноќ почнува изборниот молк

од Nikola Popovski

Вечерва на полноќ стапува на сила изборниот молк во пресрет на вториот круг од претседателските и парламентарните избори, кои ќе се одржат во среда, на 8 мај.

Последниот ТВ дуел меѓу двајцата претседателски кандидати во земјава, Гордана Силјановска Давкова и Стево  Пендаровски е закажан за денеска. Во текот на денот ќе се одржат и последните собири и митинзи на политичките партии кои се во трка за пратенички места во Собранието.

Во првиот круг од претседателските избори, Силјановска Давкова, поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освои 363.085 гласови, додека нејзиниот противкандидат Пендаровски 180.499 гласа.

На гласачките места, граѓаните може да дојдат само еднаш и ќе треба да се изјаснат колку гласачки ливчиња ќе земат. Ден претходно гласаат затворениците, болните и немоќните, внатрешно-раселените и македонската дијаспора.

Гласањето на седмите претседателски и единаесетите парламентарни избори треба да се одржи на 3.480 избирачки места низ Македонија.

Слични содржини