Студентите бараат информација дали и во 2025 година ќе има за нив бесплатен јавен превоз

Од:

Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со писмо до надлежни институции бараат информација дали мерката за бесплатен јавен превоз за студенти ќе продолжи и во 2025 година.

Писмото со кое бараат објаснување, УСС при УКИМ го испратиле до Драги Кушовски, директор на Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје, Христијан Мицкоски, претседател на Влада на Република Северна Македонија, Весна Јаневска, министерка за образование и наука и Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

-Во името на сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а и по бројни прашања и поплаки дека картичките за бесплатен јавен превоз не им се продолжени за 2025 година, бараме јавно известување од Вашите институции дали оваа мерка ќе продолжи и во 2025 година. Образложение – бесплатниот јавен превоз е значајна и неопходна мерка која не само што е корисна за младите, туку е и поттик за активно учество во образовниот процес, и општеството во целина, се вели во писмото.

Според УСС при УКИМ, укинувањето на оваа мерка ќе доведе до зголемување на финансиските трошоци на студентите и нивните семејства и студентите ќе бидат принудени да покриваат дополнителни трошоци за транспорт што особено ќе ги погоди студентите од економските ранливи категории.

-Ограничен пристап до образование – Студентите од руралните и приградските средини што зависат од јавниот превоз за да стигнат до универзитетите би се соочиле со потешкотии за редовно присуство на предавања и други ангажмани на нивните факултети. Освен тоа, ќе се намали и учеството на студентите во воннаставни активности, пракси и професионални ангажмани. Намалување на поддршката за образованието и младите и уназадување на студентскиот стандард – Укинувањето на оваа мерка ќе ја намали поддршката за младите и образованието во нашата држава, што дополнително ќе создаде и недоверба кон институциите, се вели во писмото на УСС при УКИМ.

Сметаат дека ова прашање е од суштинско значење за иднината на студентите во нашиот град и држава и бараат итен одговор и објаснување.

Би можело да ве интересира

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Горан Наумовски

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски