(Видео) Поплавен аеродром во Дубаи: авионите едвај се движат по пистата, прекинати бројни летови

Силен дожд ги зафати ОАЕ, а обилните врнежи доведоа до целосно поплавување на автопатите и аеродромот во Дубаи.

На видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи може да се видат авиони кои се движат по пистите кои се поплавени.

Поради ваквата состојба и ненадејната промена на времето откажани се многу летови.

На автопатите и улиците има цистерни со пумпи кои ја испумпуваат водата, со цел да се подобри состојбата во градот.

Како што пишуваат луѓето на социјалните мрежи, сите училишта во Дубаи се затворени, а целиот град е во застој, пишуваат медиумите во регионот.

Текстот (Видео) Поплавен аеродром во Дубаи: авионите едвај се движат по пистата, прекинати бројни летови е превземен од МАКФАКС.