22.8 C
Скопје
16:09 - 2 мај, 2024

(Фото) Tолку мал, а веќе шефува! Марија Шерифовиќ сподели фотографија од синот и со хит коментар ги насмеа обожавателите

Пејачката Марија Шерифовиќ стана мајка во декември минатата година, а на социјалните мрежи редовно објавува фотографии со синот.

Иако со години се обидуваше да се реализира како мајка, Марија Шерифовиќ не можеше да го стори тоа, поради што во Америка преку сурогат-мајчинство доби син на кого му го даде името Марио.

Јавноста беше изненадена од веста дека пејачката добила син, бидејќи никој не знаеше низ какво патешествие поминала Марија, па откако ја обелодени веста за синот, сите беа одушевени и ѝ испратија искрени честитки.

Шерифовиќ, луксузниот стан кој се наоѓа на Белград на вода, го преуредила за да има сè што е потребно за синот, но малиот Марио, покрај мебелот во неговата соба, полека почнал да го зазема и оној во дневната соба.

Пејачката сега објави фотографија на која се гледа како нејзиниот син лежи на софата со кренат прст, а во описот на приказната на Инстаграм, се пошегува на своја сметка:

– Тоа е тоа, немам веќе ниту софа. Затоа што – шефе! – напишала таа.

 

 

Да потсетиме, Марија неодамна одржа концерт во Подгорица каде со емотивен говор им се обрати на фановите.

– Имам едно барање до вас. Времето во кое живееме и постоиме е навистина грдо и неверојатно одвратно. Обидете се да бидете добри луѓе, некоја добра девојка, некое добро момче, сосед, шеф… А зошто? Па, затоа што овој живот е само еден и сè ова ќе помине многу брзо и подобро е да ве паметат по добро, отколку како некое ѓубре. Јас се трудам од ден на ден да бидам колку што е можно подобар пријател и подобар шеф и подобра ќерка, а сега и подобра мајка… – рекла Марија, по што следевале громогласни овации од публиката.

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....