Во ЖИВО на М Нет: Брера Струмица – Македонија ЃП, Куп младинци, четврток од 12 часот

Утре на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица ќе се одигра полуфиналето од Купот на Македонија за младинци меѓу екипите на АП Брера Струмица и Македонија ЃП.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност да го проследат во живо преку директен пренос полуфиналниот меч кој ќе започне во 12 часот.

Победникот од овој полуфинален меч ќе се соочи со Пелистер, кој со 3:0 славеше над Беласица.

Гледајте го соочувањето од полуфиналето меѓу АП Брера Струмица и Македонија ЃП, утре од 12 часот на телевизија М Нет.

Александар Ванев, М-Нет