Штипјанката Сања Сарафимова го освои 2. место во категоријата Бикини Фитнес на Куп на Македонија

Во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, изминатиот викенд во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа Купот на Македонија, а каде учество зеде штипјанката Сања Сарафимова.

На државното првенство таа гo освои второто место во категорија Бикини Фитнес, со што се пласираше за Европското првенство кое ќе се одржи во Шпанија, од 1. до 6. мај годинава.

Уште еден голем успех за штипјанката Сарафимова која сега со фокусот е на Европското првенство во Шпанија.

Александар Ванев, М-Нет