Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и публицист, ревносен поборник против комунизмот и против пропагандата на велико-бугарскиот, велико-српскиот и југословенскиот шовинизам. Еден е од членовите на Македонско национално движење – „Бунт“. Борец за Македонија на македонскиот народ, за независна и обединета македонска национална држава.

Образованието го завршил во родниот град. Тој е еден е од членовите на Македонско национално движење – „Бунт“ организација основана во Скопје, на 30 мај 1938 година. Во 1945 година бил осуден на 12 години робија како македонист. Објавил затворски мемоари и три книги со афоризми. Напишал и неколку необјавени монодрами. Добитник е на неколку награди за афоризам. Објавувал и дневнополитички карикатури. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Тој е автор на книгите: „Сончогледи“, „Нашата кауза“, „Непокор“, „Аритмија“ и др. Во 2015 година својата лична архива ја подарил на Државниот архив на Македонија.


Починал на 5 мај 2019 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …