Селта освои значајни бодови за опстанок

Селта Виго успеа да освои златни три бода со кои граби кон својот опстанок во шпанската Ла Лига. Тимот од Виго со пресврт успеа да го совлада Лас Палмас со 4-1, и така за момент да избега од опасната зона.

Херцог во 11. минута од средбата донесе предност за гостите. Но блицкриг на Селта за две минути, па Аспас и Шведберг успеаја да изрежираат пресврт во 37. и 39. минута.

Во вториот дел Дувикас во 71. минута донесе предност од 3-1, а конечните 4-1 ги стави Аспас. Аспас беше клучен играч за Селта, постигнувајќи два гола и две асистенции.

Се вчитува...