Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Потврдена смртта на Горги Гориев, член на ДНК – Потресен фејсбук статус на градоначалникот на Струмица

– Ах бре убаво дете, сите списоци сите болници баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука… Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и човек со големо срце, кој преку својата музика ширеше радост и емоции, напиша Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.

Во овие тешки моменти, моите мисли и молитви се со неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа и сакаа. Нека почива во мир, а неговата музика и споменот за него вечно да живеат во нашите срца, напиша градоначалникот Костадинов.

Младиот струмичанец Горги Горгиев имаше 24 години.

Во ужасот во Кочани досега се потврдени 59 смртни случаи и над 150 повредени. Нема информации за бројот на исчезнати.

.МАКЕДОНИЈА

МОН: семејствата на повредените кои се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите на неколку ученички и студентски домови

ДЕСК

Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, како и на ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Димитар Влахов“ во Кисела Вода.

Во овие моменти на заедничка жалост да се здружиме и заеднички да покажеме колку сме хумани. Секој кој може на каков било начин да помогне, да го стори тоа, затоа што така на најдобар начин ја покажуваме почитта кон оние што ги погоди оваа голема трагедија.

Длабоко сочувство до семејствата на починатите, Бог да им даде сила да ги издржат овие тажни моменти. На повредените млади луѓе им посакуваме што поскоро закрепнување. Како Министерството, подготвени сме да пружиме поддршка таму каде што е потребно.

✖