ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нема забрзување на постапката за нови документи

Нема забрзување на постапката за нови документи

Шаби Сулејмани има 78 години и за да ги посети своите синови во Италија, поради долгото чекање за редовно вадење пасош, бил принуден да аплицира по брза постапка. И по три дена чекање денеска беше пред шалтерите на МВР за да си ја земе патната исправа.
“Оди десно, оди лево, има малтретирање, ова не се управува добро. Ќе одам во Италија, кај синовите. Таму ќе останам еден месец.
Не ги чекате изборите? Воопшто не сакам да ги видам, ни да ги слушнам нивните имиња”, рече Шаби Сулејмани – Граѓанин.

Редовната процедура за добивање пасош трае и по повеќе од два месеци.

„Дојдов да си го земам пасошот, колку време чекавте? Од 19 јануари. Го побарав во Ѓорче Петров и ми рекоа да дојдам овде“, рече еден граѓанин.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се зголемени кадровските капацитети и се преземаат мерки граѓаните што поскоро да ги добијат документите. Според МВР, досега бројот на фотографирани граѓани за лични карти е 1.267.888, за патни исправи 1.524.118 граѓани и за возачки дозволи 658.406 граѓани./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button