Јокиќ по срамот од Минесота: Што ме мотивира? Тоа е добро прашање пријателе

Никола Јокиќ немаше своја вечер во поразот на Денвер од Минесота, 80-106.

Српскиот центар имаше учинок од 16 поени, 16 скока и осум асистенции, но тоа не беше доволно за да ја задржи разлетаната Минесота која сега води во серијата со 2-0.

На прес-конференцијата по мечот, Никола Јокиќ беше прашан што го мотивира во овој случај, на што тој имаше краток одговор.

„Тоа е добро прашање пријателе! Можеби победите? Да, мислам дека тоа е одговорот”, рече Јокиќ.

Се вчитува...